Archive for Јули, 2006

Односот на Црквата и човештвото кон луѓето клонови. За создавањето на Ева од Адаама

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja on Јули 9, 2006 by areopagit

adaam-i-eva.jpgПо повод филмските остварувања и дебатни емисии за клонирањето луѓе и реакциите за нив:”клоновите се т.е. би биле бездушни, безперсонални монструозни суштества, ала созданието на др. Франкенстајн”. Секоја човечка индивидуа е неповторлива персона/личност заради нејзината посебна историографија која се одвива во различно време, во различен простор во контакт со различни личности во и на различни настани. А душата Бог му ја доделува на секое словесно човечко битие при самата негова концепција/зачнување без разлика од каков тип на клетка е створено. Во текстов ќе биде изложена само суштината на нештата. Continue reading

Согледувања за умносрдечната молитва. Општо за молитвата

Posted in Isihazam, Palamizam on Јули 9, 2006 by areopagit

Starec EfremВо последниве години за прв пат се актуелизираше практицирањето на умносрдечната молитва. Сознанието за добивањето на тој дар и свеста за истиот, а воедно и неговото предавање на други за негово здобивање и негување е радост за секој православен христијанин. Ако некој е подлабоко запознат со пишаните дела на Светите Отци каде е објаснет подвигот на молитвата ќе забележи дека умносрдечната молитва е само еден преоден стадиум на патот кон совршенството во молитвата т.е. во мистичниот опит на богоопштењето. За тоа најдобро пишува од својот повеќедецениски молитвен опит светогорскиот Старец Софрониј Сахаров кој подоцна се стационира во Есекс, Англија, кој вели:” Најпрво доаѓа желбата за молитва која од : Continue reading

За естетиката на Италијанската фудбалска репрезентација

Posted in Fudbal, Opshti Sogleduvanja on Јули 6, 2006 by areopagit

italia-3.jpgДа живееш во Италија земјата опкружена со 5 мориња, 2 вулкана, Алпскиот планински венец, земјата на старите Етрурци, Римската Империја со своите велелепни антички архитектонски градби, Гај Јулие Цезар, познатото Римско право, вечниот град Рим воедно и најмаченички,marcelo-lipi.jpg облеан со крвта на Светите апостоли Петар и Павле и на Светиот Игнатиј Богоносец по кого е наречена и Виа Игнатиа, Ватикан, ранохристијански базилики, Равена-мозаици, земјата на Микеланџело и Леонардо Де Винчи, ренесансата, каде што секој град е како хрватскиот Дубровник, Венеција, една од најразвиените индустриски и туристички земји, и на крај земја на современиот моден гламур, значи да бидеш човек со традициски изграден italia-2.jpg.естетски критериум за својот надворешен изглед. Тоа се подразбира кога некого ќе го наречат Италијан.

              www.fifa.com

italia-karta.jpg

За парламентарните избори во Р.М.

Posted in Opshti Sogleduvanja on Јули 6, 2006 by areopagit

Се радуваме на восприемената и испрактицирината современа европска демократија. Без навреди и омаловажувања кон другите. Мислиме за своето добро и за доброто на своите поколенија. Малку по малку ја напуштаме свеста на општо познатиот примитивен Homo Balcanicus и се стекнуваме со елементарна етичност. Голема победа на демократијата на која и се радуваат сите учесници во изборниот процес, избавени од лично партиските интереси. Со големи желби овој процес на еволуирање на свеста да продолжи и понатаму и никогаш да не престане.