Христос Новата Твар од Новата Твар. За Обожението. За победата над етнофилетизмот

HristosСекој Православен Христијанин кој е запознат со Светото Писмо знае дека нашиот Бог и Господ, Исус Христос претставува т.е. е наречен „Нова Твар“. И тоа уште од старозаветните Пророци па се до канонизираните Светители. Но што всушност претставува таа „Нова Твар“ ретко кој прoникнал во тоа. Во овој текст ќе стане збор токму за суштината на таа „Нова Твар“. Всушност се работи за Телото т.е. за Плотта на нашиот Господ. Каква е Неговата Плот се осознава само преку сопствен опит и само опитните се осмелуваат да зборуваат за тоа. А опитот се состои во живеењето на полнотата на Божеството која може да се живее само во евхаристиско-аскетскиот подвиг на Православната Црква, свесно созерцание и осознавање на нестворените божествени енергии кои го преобразуваат,трансформираат и обожуваат нашето тело правејќи го слично и подобно на Господовото, зошто ние кои го примивме восиновувањето и одиме по духот сме еднородни на нашиот Собрат, Богочовекот Исус Христос; Тело кое што по квалитет е наречено “Нова Твар” поразлична од тварта т.е. материјата од која што е создадено телото на телесниот, необоженоит, невосиновениот од Отецот, човек.

Додека ние се восиновуваме и со тоа нашето тело станува “Нова Твар” истоветна на Господовата, Телото на Единородниот Исус Христос е такво уште од почетокот, уште од неговото зачнување од Светиот Дух и од неговата Богомајка Пресвета Богородица theotokos3.gifкоја во моментот на зачувањето осенета од ‘Силата на Севишниот’, и наречена ‘Поширока од Небесата’ зошто во себе ја сместила Света Тоица при што самата бивајќи во обожение; бидејќи претходно Светиот Дух Слегнал на Неа; а истиот тој дар го вкусила-воспримила по Божјо благоволение и претходно, со пребивањето во Светињата на Светиите’ каде што се насладувала со небесните блага.Така да и Неа, нашата Богомајка И Владичица ‘од моментот’ на слегувањето на Светиот Дух на Неа и со осенувањето на Силата на Севишниот можеме слободно да ја наречеме “Нова Твар” исто како и нашиот Господ.Така излегува да, Христос претставува “Нова Твар од Новата Твар”. Знаејќи ги екстатичните, но реални Павлови зборови “ Во Христа нема ни Јудеец ни Елин ни машки пол ни женски; во Христа вие сте Нова Твар” т.е. во дарот на обожението-восиновувањето стануваме и остануваме како светии синови Божји, на кои се надоврзува И нашиот современик владиката Данило Крстиќ “Се роди Божиќ, а не Еврејче”. Христос кој се раѓа, а претходно и бива зачнат од Светиот Дух И од богот по благодат за која што претходно објаснивме дека пребива во дарот на обожението и која и самата е Нова Твар зошто во себе ја има сместено Света Троица, а со тоа и Христа – ќерката Божја Марија, по плот не е Јудеец туку Бог т.е. Богочовек т.е. Нова Твар. Така да со овие сознанија отпаѓа фалбата на верувачките по происход Јудејци дека Христос по плот бил Јудеец. Ап.Павле тоа го спомнува во едно послание но подоцна кога пишува во екстатична состојба на својот дух ни ги кажува небесните нему богооткриени вистини за Новата Твар и Новото Сoздание: „ Вие во Христа сте Ново Создание. Старото помина ете се ново стана“, искажани во сегашно време , а не во идно; кои Христос не ни сакал да зборува додека бил меѓу луѓето дури ни на Апостолите кои тогаш не можеле да примат но на кои им ветил дека Светиот Дух кој подоцна после неговата смрт ќе им го прати ќе им каже све. А и Павле бира кому ќе му дава мека храна т.е. млеко т.е. кому ќе му зборува за земните работи, а кому т.е. на совршените ќе им зборува за небесните работи, што претставува тврда храна. Познание и Самопознание. Православните Христијани пред се тоа мора да го имаат. Што се они, какви се, што претставуваат. А потребно е кога ќе се осознаат и точно да исповедаат она што се за да останат такви какви што ги направи и сака да бидат Бог. Оние кои некогаш ‘не беа народ, а сега се народ’ и тоа народ мистичен, светотаински исполнет со Дух Свети по природа различен од другите народи. Ова за што го пишуваме е една од многуте Свети Тајни кои што Бог ги востанови. Се работи за Новозаветниот Народ Христијански  којшто го претставува Телото Христово т.е. Црквата Божја- која не е од овој свет и неможе да се осознае со рационалистичката логика на овој свет. Туку само преку опитот на битисувањето во Неа. Самиот Господ прави остра граница и го диференцира човечкиот род на “свет” и “Црква Божја” со тоа што вика: “Вие не сте од светот” алудирајќи на Црквата со сите, како духовни, така и Ново-Тварни квалитети. Во Писмото се вели и дека народите ќе се спасуваат и ќе бидат спасени; но само ако станат Народ Божји откако ќе го примат Христа Кој ќе ги преобрази И ќе ги направи слични на Себе уште во овој век т.е. во овој живот, и веќе престануваат да бидат тое што биле порано т.е. оној народ од кој што произлегле, происходеле при што се исполнуваат Неговите зборови; “Еве све Ново Создавам”!!! Уште во овој век. Не викајте дека тоа е невозможно за да не бидеме разобличени од Светиот Симеон Нов Богослов.; а каде е Новото, таму нема место за старото. Од таму и Христијаните кои происходат од најразлични народи се Новозаветен Божји Народ, кој по плот е Нова Твар и веќе не се она што некогаш биле т.е. не припаѓаат на народот на кој што припаѓале некогаш; Затоа што Апостоловото ’НЕМА’ коешто е негација на ’ИМА’ го негира постоењето на секој како народ така и на секоја нација во рамките на Црквата Христова т.е. во Телото Христово т.е. во Новозаветниот Народ Христијански. “Во Христа т.е. во Телото Негово кое што е Црквата нема Јудеец, Елин…” . Феноменот е следен: Од Човечкиот Род оние кои Го примиле, Го живеат и точно Го исповедаат, како Христа и Неговото постоење во нив а и самото нивно постоење т.е. суштина која во овој текст ја објаснуваме, стануваат дел од Неговото Ново Создание,-Нова Твар,- Мистично Тело Христово,- “Род Христијански”. Од паднатиот Род Човечки, Христос го создава обожениот “Род Христијански” кои квалитативно по состојбата на духот и материјата се разликуваат меѓу себе. Нагласивме дека ова е една од многуте Свети Тајни. Може да се забележи И следново: Дека човечкиот род помеѓу себе е поделен на многу народи, додека Православниот Род, т.е. Народ Христијански кој е воплотен во Христа е неделив И Едно во Христа И од Апостолот Петар наречен Народ Божји, Царско Свештенство кој ја има во себе есхатолошката димензија на Битието бивајќи дел од Него, додека другите кои не се припадници на Црквата Божја од страна на Ап. Петар се означени и наречени “Ненарод” и се дел од Небитието т.е. немаат учество и не се дел од Битието. Така согледуваме дека Христијаните се дел од ‘Народот’ кој битисува, а неприпадниците на Црквата Божја дел од ‘Ненародот’ кој е поделен помеѓу себе и кој не битисува. Ги допревме категориите ‘Битие’ и ’Небитие’, И од нив произлезените ‘Народ’ и ‘Ненарод’. Така да оние кои ‘Го познаа Бога И од Него се родија станаа Народ Бижји и се семе Христово, а за оние кои не го познаа и Го отфрлија и сеуште Го отфрлаат и Го гонат и ги гонат оние кои што се негови нејќеме ни да зборуваме чие семе се, а со тоа се негација на Битието и на се што постои и не се дел од Народот. А оние што се Народ стануваат несоздадени, беспочетни и неможе да се опишат, извираат од непостоење И стануваат апофатички и необјасниви како И самиот Бог затоа што се негови. Кога ни стана јасно што сме и зошто сме такви главата на етнофилетистичката ерес е исечена при што нема да кажеме дека сме оној народ од којшто происходиме зошто веќе не сме тоа што сме биле ако веќе сме биле; туку можеме да кажеме она што сме, а да напомнеме ако се бара од нас заради административни цели и сл. кој е нашиот происход притоа бивајќи свесни дека тоа веќе несме. Ова неважи за оние родени од воцрковени родители бидејќи тие од самото зачнување се воплотени во Христа преку неговите во-Христовени родители и се дел од Црквата т.е. Телото Христово т.е. Народот Божји.Тие би можеле само да спомнат од кој народ происходат нивните предци. А сите знаеме дека наш предок по плот е Адам, а Адам е синот божји кој отпадна од Бога заради неговото непослушание кон Него, а со него и целиот човечки род, а Христос Синот Божји Кој му беше послушен на Бога до самата за нас спасителна крстна смрт преку Кого повторно се восиновува отпаднатиот човечки род и станува род Божји еднороден на нашиот Спасител и со тоа се спасува и бива спасен од Светиот Дух кој го прима и кој го обожува. Со точното исповедање ние константно ја живееме есхатолошката реалност овде на земјата како што вели Ап. Павел; “Нашето живеење, И битисување, е на небесата”. Слава Му на Бога за овие согледувања дадени преку Светите Отци. И уште еднаш:

Слава Му!

Advertisements

4 Responses to “Христос Новата Твар од Новата Твар. За Обожението. За победата над етнофилетизмот”

  1. Ми се допаѓа blog-от. Бог нека благослови
    о. Борјан

  2. Хмм… а можно у вас брать новости с рсс канала? Ссылку на вас обязательно поставлю.

  3. Вот вы – умный человек. Подскажите, пожалуйста, как можно подзаработать денег летом? К примеру, сейчас стараюсь раскрутить сайт. Но он приносит одни копейки =( Буду рад любому ответу 🙂 Ах да – мне 15 лет.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

%d bloggers like this: