Archive for Октомври, 2006

Сомнежи за тезата „Псевдо Диоинисиј Ареопагит“

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja on Октомври 24, 2006 by areopagit

Само на кратко.:

dionizy_areopagita.JPGПосле еден петнаесетовековен светоотечки несомнеж за оригиналноста на делата „Ареопагитики“-„Corpus Areopagiticum“ од Светиот Дионисиј Ареопагит, поточно со падот на Византискиот православен комонвелт од страна на неколкумина историчари на религијата се обезвреднува тежината и веродостојноста на овие дела со што се нарекуваат фалсификат и и се припишуваат на една т.н. лажна измислена личност во ликот на еден богосозерцателен монах од петтиот век кој потонат во смирение, како аскетско така и божествено, за да може да се вивне до небесни височини како што е чтивото во „Ареопагитиките“

Тука лежи и најголемиот сомнеж во вистинитоста на оваа теза. Како еден доблестен монах кој го краси врвно смирение не само што се дрзнува да му ги припише своите богооткриени дела на дотичниот Светител туку и во негово име да пишува посланија кон современиците на Светителот цитирајќи настани и средби од божествен карактер…

Крајно смирение, истенчена христијанска совест и пишување на измислени писма е неспоиво.

Наш е изборот дали ќе се придружиме кон петнаесетвековниот светоотечки несомнеж или кон скепсата на нечестивиот на која подлегнаа неколкумина , а по нив и мнозина , која е спротивна на верата.