Archive for Декември, 2006

За епископоцентричноста на Црквата. И за отпадништвото од неа

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja on Декември 30, 2006 by areopagit

arh-jovan-vi.JPGОд преданието на Црквата Христова дознаваме дека Црквата е стриктно епископоцентрична, а не клерикална. Во eпископот е секоја иницијатива,он ја претставува помесната Црква на соборите и све се прави во животот на Црквата со негов благослов. Тоа произлегува од самата литургија која ја востанови нашиот Господ и Бог Исус Христос. По Педесетница т.е. по востановувањето на Црквата од страна на Светиот Дух на Литургијата чиноначалствува епископот, кој е икона Христова на земјата и ја содржи Неговата благодатна полнота. Христос чиноначалствуваше на првата Литургија како вечен првосвештеник по чинот Мехиседеков, всушност Бог, на Тајната Вечера. Таму и ја делеше евхаристијата, самото негово тело и крв. Знаеме дека апостолите на Тајната Вечера сеуште не беа облечени со Сила одозгора т.е. не го имаа примено чинот свештенички т.е. епископски, туку тоа се случи подоцна на Педесетница. Знаеме исто така со каков крај заврши Јуда Искариот кој ја изгуби својата вера во Христа и се соблазни. Continue reading

Advertisements

Евангелизација или подигање на национална свест. За каузите

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja on Декември 21, 2006 by areopagit


evangelie.jpgПовик на секој православен клерик или член на црквата е да го евангелизира како народот божји така и целиот свет. Се прави есхатолошко промашување кога претходниве се впуштаат во световни работи т.е. барање на некој свој национален идентитет со прашањето и делањето „кој сум и што сум“ т.е. барајќи го својот происход истакнувајќи дека треба да се знае истиот за да се исчекори напред. А тоа воопшто не е потребно. Со опасност да се зачекори во водите на етнофилетистичката ерес и таа да се живее. Тука за жал станува збор за потполна богословска неедуцираност и неукост. Стварно жално. Се бранат некакви ’национални каузи’ при што се оправдуваат дури и масовни убиства т.е. се подржуваат личности кои извршиле такви дела во име на таквата ’неевангелска кауза’, па и геноциди на цели народи. А знаеме дека каузата на православниот христијанин е Царството Небесно, ни лево ни десно. Continue reading

„Еклисиолошката ерес на расколот“ од неговото блаженство Архиепископот Охридски г.г. Јован VI

Posted in Arhiepiskop Jovan VI, Sovremeni Bogoslovi on Декември 14, 2006 by areopagit

picture96-1.jpg

Во овој пост ќе биде објавена студијата на Архиепископот Охридски и Митрополитот Скопски Јован VI за црковниот раскол во Р.Македонија. Слободно прочитајте и поподробно информирајте се.

eklisioloskata_eres_na_raskolot.pdf

За преданието, схизмата, ереста и анатемата

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja on Декември 8, 2006 by areopagit

 Мал увод.:

ravena3.jpgСи го поставуваме прашањето: „ Дали постојат повеќе преданија во Црквата или пак само едно? “. Историската но и сегашната пракса велат повеќе преданија,додека пак во посланијата апостолот Павле вели дека постои само едно и единствено предание предадено од самите апостоли, додека сите други преданија кои не соодветствуваат на преданието проповедано од нив самите го анатемисува ( Гал. 1, 8-9 ). И денес ги слушаме зборовите: „ Има различни преданија или начини на практикување на православната вера и дека во тоа била убавината на православието“. Ако се потрудиме трезвено да расудуваме имајќи го Христа и апостолот Павле во кого живеел Христос за врвни критериуми и авторитети, знаејќи дека многубројниве денешни се недокажани или од нивните следбеници прогласени за авторитети, презирајќи го клерикализмот, ќе мораме да се приклониме и да бидеме во едноумие со нашиот Бог, т.е. со неговите заповеди и со неговиот избран апостол, а не со вториве. Continue reading