Archive for Јануари, 2007

За преименувањето според Св. Григориј Палама

Posted in Palamizam on Јануари 26, 2007 by areopagit

greg_palamas.jpgСо воцрковувањето во рамките на Црквата Христова секој човек претрпува ’преименување’ на целосниот негов идентитет. Всушност го добива оној вистинскиот. Како прво се враќа кон својот вистински родител Бог преку повторното восиновување преку Христа добивајќи ’духовни очи’ за да го следи Светиот Дух во животот. Неговите по плот родители остануваат само биолошки происход за административни цели, знаејќи го тоа дека и они происходат од Бога преку отпаднатиот од Бога прародител Адаам, имајќи ги сега како брат и сестра ако не во Христа , тогаш во адаама. Се разбира љубовта и почитта кон нив останува. Го добива името Христијанин т.е. се преименува во Христијанин и станува член на Новозаветниот Народ Божји Христијански, и веќе не припаѓа на од Бога отпаднатиот световен народ, во конкретниот случај македонскиот или било кој друг световен народ, затоа што ’Црквата не е од светот’ но е во светот. Continue reading

За едукацијата. За светоотечката богословска наобразба

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja on Јануари 16, 2007 by areopagit

bazilika.jpgСекој православен христијанин има обврска да го шири своето богословско образование во рамките на своите можности без оправдување. Тоа нарочито важи за епископатот, клерот и монаштвото коишто својот живот го посветиле во служењето на Бога. Некои денешни христијани немаат ни елементарно богословско познавање, а за жал тоа е случај и со клерот, т.е. оние кои облекле мантија со која пред луѓето сведочат за Бога. Богословската необразованост оди до таму што тоа прераснува наместо да се образува паствата од страна на клерот, се шират разни ереси, световни учења, пагански обреди и.т.н. За тоа најголема вина сносат токму они на кои Господ им дал најголема власт, благодат и одговорност во Црквата т.е. епископите кои одговараат пред Бога за уредувањето на црковниот живот во своите епархии, така и клерот со понизок ранг, а и манастирските центри како собиралишта на верни кои во историјата се покажале како столбови на православието, но во денешнината го губат тој образ, а ги практикуваат погубителните активности. Понекои го провираат тоа под плаштот на од Бога створените современи свети старци кои немале повеќе од второ одделение световно образование. Но тука не станува збор за световно образование ( основно, средно и високо образование ) туку за спасителната истенчена богословска мисла-наобразба предадена од страна на Светиот Дух на нашите Светители. Continue reading