Archive for Февруари, 2007

За преданието

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja on Февруари 28, 2007 by areopagit

image007.jpgПреданието е едно: Христово, Свето-Духовно, апостолско, васеленско-соборно. Хронолошки проследено. Како прво тоа ни беше предаден од Словото Божјо Христос, понатаму од страна на Светиот Дух преку апостолите, па од нив ракоположените епископи на Црквата Христова на Соборите , исто така од страна на Светиот Дух којшто говори на епископските собори како васеленски така и помесни. А Светиот Дух Говори до ден денес и нема да престане се до веки. Треба да се здобиеме со духовни како очи така и уши т.е. духовни сетила за да знаеме што тоа проговорил. Одлуките на епископските собори се говорот на Светиот Дух Кој го ни ја кажува Неговата волја па сето тоа се надградува во преданието.

Continue reading

Писмо на неговото блаженство Архиепископот Јован VI до расколничките Високопреосвештенства од „мпц“

Posted in Arhiepiskop Jovan VI, Sovremeni Bogoslovi on Февруари 20, 2007 by areopagit

Arh._Jovan_VI.JPG

 

Во овој пост го објавуваме писмото кое Арх. Јован VI го упати кон расколничките епископи на „мпц“. Ве покануваме да го прочитате зошто во него содржи многу вредни историски информации од интерес за граѓаните на Р.Македонија.

arh-jovan-pismo-do-raskolnicite

Безредие во црковниот живот

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja on Февруари 12, 2007 by areopagit

klerici.jpgСите знаеме дека според црковните канони црковниот живот т.е. животот во епархијата го уредува помесниот епископ, и никој друг. Тој е автокефален во својата епархија и никој друг епископ не смее да му се меша, па дури ни да служи во неговата епархија без негов благослов. А ако некој епископ престојува во туѓа епархија тогаш тој претставува гостин на помесниот епископ и треба да ги почитува уредбите по кои е уреден животот во која што епархија е гостин. Така да ако не ги почитува тие уредби тогаш тој пенетрира, ja узурпира и прави безредие во истата, зошто само еден е редот. Тоа не е случај кога епископите негуваат исто предание, т.е. едното единствено – апостолско предание. Тогаш по дефолт тој го губи благословот кој го добил од помесниот епископ како за престој така и за служење во епархијата. Епископот-„гостин“ е должен !!!да ги спроведува помесните уредби и кога помесниот епископ е на подолго телесно отсутен од епархијата, а во денешно време ако сме телесно отсутни тогаш преку средствата за комуникација сигурно дека не сме. Continue reading

Паламитскиот поим за Вистината

Posted in Palamizam on Февруари 3, 2007 by areopagit

palama.JPGКој ги проучувал делата на Св. Григориј Палама Архиепископот Солунски Чудотворец ќе забележи еден крајно радикален став кон античките философи. Тоа можеби некого и ќе го зачуди бидејќи истите ги има видено и на фрески на некои православни храмови. Во што се состои дилемата ? Некои ги почитуваат философите од античките времиња како некои кои го предвестеле Христа или како неосвестени христијани или пак биле потикнати од Светиот Дух да мудруваат за Бога. Такви мислења има и за некои мислители и мудреци од далечниот исток. Дека зборувале за Христа, а незнаејќи за Кого се работи. Дека и они зборувале за Светлината која ја претставувале за Божествена. Но паламитскиот став т.е. на Светогорскиот Светител Григориј Палама кон тие прашања е крајно радикален: „ Светлината за која говореле како античките така и било кои други философи или мудреци е од демонско потекло “. Continue reading