Archive for Март, 2007

Преданието за ретко-нередовно причестување како литургиско-евхаристиска ерес

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja on Март 23, 2007 by areopagit

putir.jpg  Литургијата се служи пред се заради   евхаристијата. Сите додатоци кои се вметнуваат т.е. додават секако дека не се неважни но се од споредно значење. Тоа значи дека без евхаристијата нема ни литургија но без некој нејзин друг дел таа може и да опстои. Првата литургија која ја отслужил Св. Апостол Петар воопшто не личела на Златоустовата но го содржела она суштинското, а тоа е евхаристијата т.е. причестувањето со Телото и Крвта Христова. Зошто заради евхаристијата всушност и се воплоти Христос.

Continue reading

Препознавање и толеранција на ереста

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja on Март 5, 2007 by areopagit

sv-ap-pavle.jpgПрвиот милениум по Христа се одликуваше со кристализирање на главните догмати на православната вера. Оттаму се расчистуваше и со многу ереси кои понатаму беа анатемисувани. Збиднувања од тој вид во вториот милениум беа поретки со исклучок на оној во XIV век, добро познатиот исихастички спор, во кој главна улога имаше Солунскиот Архиепископ и светогорец, Св. Григориј Палама. Во XIX век етнофилетизмот беше осуден како ерес и воедно анатемисан. Редовното причестување,  исто така во XIX век во 1819 година беше потврдено на помесниот константинополски собор, но не и насекаде во православната Црква. И до ден денешен постојат епархии во кои причестувањето многу ретко се практикува што всушност претставува една литургиско-евхаристиска ерес, која се јавува заради необразованоста пред се на епископите како глава на Црквата, а исто така и на клерот. Многупати сме си го поставувале прашањето: “ Дали и во ден денешен постојат или се јавуваат ереси, или пак православната вера до толку се исчистила од истите и го востоличила своето неприкосновено преданиско учење по сите богословски прашања, и соодветно реагира на застранувањата, аномалиите и дeвијантните појави во нејзините рамки?“ 

Continue reading

За лажното смирение

Posted in Isihazam, Palamizam on Март 3, 2007 by areopagit

starec-sofronij.jpg Многумина од нас се смируваат пред себеси и пред другите дека не се светители и дека се тоа што се, не можат повеќе да напреднат во духовниот живот… Тоа на оној кој што е доволно упатен во животно-духовно-аскетскиот подвиг не му доликува да го говори и мисли. Така не не учи евангелието па ни современите свети старци од XX век. Тука ќе го спомнеме светиот Старец Софрониј Сахаров кој советува дека ако се смириме т.е. помириме со водењето на световниот живот полн со неговите страсти и слабости ние лажно се смируваме. Всушност тогаш престанува секој подвиг и по линијата на послаб отпор ги прифаќаме и живееме квалитетите на овој свет, за подоцна тие и ако се евентуално и навидум мали страсти и слабости тие да станат како што велат светите отци неизлечива болест и озваничено секуларно живеење т.е. секуларизам. Што всушност советува нашиот современик Старецот Софрониј Сахаров: Continue reading