За Идентитетот, Происходот, Националната Припадност и Националните Чувства. ДНК контрола

hristos.jpg Наоѓајќи се во еден турбулентен период за нашиот народ и Црква го пишуваме овој пост за да разјасниме повеќе важни поединости. Како прво од каде го црпиме својот идентитет?! За ова се пишуваше во повеќе наврати на овој блог. Идентитетот е јасен како солза за припадниците на Црквата Христова. Тое е Христос Богочовекот преку кого Отецот создаде комплетно ’све’. Затоа идентитетот на секоја тварнa и нетварна природа потекнува од Бога. Идентитетот е Божји сакале да го прифатиме ние тоа или не. После отпаѓањето на Адаама од Бога почна создавањето на народите т.е. диференцијација на човештвото. Поделба на човечкиот род кој претходно беше едно….

alexandar-makedonski.jpg

Поделба по генетска, расна, јазична и национална основа. Од тука веќе почнува да се употребува поимот Происход што значи која личност од кој народ-нација, раса, јазична група происходи. Од таму пак сега почна да се црпи идентитетот: од народот, расата, јазикот. Заборавајќи на првобитниот и воедно крајниот суштински божји идентитет, претходно кажан есхатолошки идентитет. Така да сега происходот почнува да го заменува божествениот идентитет и да се наметне како световен идентитет. Овоземен безбожен идентитет. При создавањето на народите, а подоцна и нациите личностите почнуваат да се идентификуваат со нив од каде што происходат. Тоа е биолошка припадност. Тоа се докажува и со биологијата, а подоцна и со егзактната генетика при проверка на ДНК на народите. Биолошкиот т.н. идентитет на еден народ е вечен и непроменлив (се додека не се воспостави Царството Небесно во полнота кога ке се видоизмениме) освен ако евентуално тој народ не изумре или не биде истребен по некоја околност. Со оформувањето на народите и нациите се јавуваат и национални чувства на припадност кон некој народ или нација. При различни историски околности припадници на поедини народи се произнесувале и негувале национални чувства на други како соседни така и подалечни народи или нации кои во тој временски и историски период доминирале или имале влијание кај првите. Така да се сретнува следниов феномен: „Биолошка припадност од еден народ, а национални чувства кон друг народ или нација“.

За разлика од биолошката припадност,makedonskoto-sonce-od-kutlesh.jpg напишана преку генетскиот код кој се пренесува од потомство на потомство, која е проверлива и неменлива, националното чувство и мислење се променлива категорија. За тоа зборуваат и историските факти. Горенапишаново е применливо насекаде. Во конкретниов случај само ставете го Македонецот и околу него Србинот, Бугарот и Гркот и целиот мозаик сам ќе се состави.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: