Чествување на Светиот Селестин I Папа Римски
Денес, 08 Април, го чествуваме споменот на Светиот Селестин I Папа Римски (422-432) современик на Светиот Амвросиј Милански и Блажениот Аурелиј Августин, поточно негов многу близок и срдечен пријател. Современик е и на Светиот Патрик Ирски, а на исток во негово време живеел и Светиот Кирил Александриски, кој пак му бил сотрудник во борбата против ереста на Несториј, заедно со првиот сочувувајќи го достоинството на Пресветата Дева Марија во нејзиното нарекување Богородица. Самото име Селестин во себе ги содржи значењата: Небесен, Божествен, Чудесен. Ова е наш мал придонес за споменот на овој за многумина непознат, а за Црквата од неприкосновено значење светител. Затоа и го линкуваме на овој блог неговото житие.
Житие на Св. Селестин I Папа Римски
Напишете коментар