За устројството на бракот

Сите знаеме колку бракот во денешнината е во криза. За тоа сведочи статистиката. Сите се помирени со тоа и се бара излез во разводот. Последиците од тоа ги чувствуваат не само децата и родителите, туку и самото општество. Според општествените науки семејството е основна клетка на општеството. Заради тоа е толку скапоцен бракот и семејството. Излез од оваа ситуација може само да се побара во богооткровенските зборови запишани во Светото Христово и апостолско предание. Затоа тука ке се осврнеме на нив…. И ќе се одделат од своите родители и ќе се прилепат за себеси и ќе станат една плот. Една плот, а две души. Од тука почнува Светата Тајна Брак. Одделување од претходното семејство и основање на ново. Ново духовно независно од претходното. Има многу случаи кога новото материјално зависи од претходното семејство но сепак тоа останува духовно независно. За да биде духовно здраво треба да биде и духовно независно. Во своите одлуки, размислувања, начин на живот и сл. Во спротивно настануваат проблеми помалце или повеќе сериозни. А понекогаш за жал и фатални. Со губење на личносниот идентитет за кое ќе се пишува подоле. Бог го устрои бракот на следниов начин. Глава на жената е мажот, а пак на мажот глава е самиот Христос. Да не забораваме дека Бракот е Света Тајна и во Светотаинска природа треба да размислуваме. Затоа се бара покорност и тоа потполна од страна на жената, а тоа колку мажот е зависен од Христа немора и да се напомнува, зашто без Него неможеме да направиме ништо и се е низ него. Покорноста на жената се изискува и заради прародителскиот грев бидејќи змијата го прелажа Адаама преку жената, а не директно. Заради природата на жената и заради природата на мажот. Зашто змијата да му предложеше на Адаама да касне од фаталното јаболко одговорот би бил сигурно прост и едноставен: „Господ ми забрани…“  Заради машката едноставност и прагматичност во размислувањето. Но тоа беше сторено преку Ева заради суштината на женската природа. Полесното прилепување на стварите и тварите кон женското срце. А присуството на женскиот благо сентиментален афект и го прелажа Адаама, подобро да се каже го смути неговиот ум, а и разум. А жената беше создадена заради мажот. Плот од неговата плот. А не мажот заради жената. Да се навратима за тоа кој на кого му е глава. На жената глава и е мажот, а на мажот глава му е Христос, а на Христа глава му е Бог. Што значат овие зборови. Заради тоа што има субординираност кон Отецот од страна на Синот и Светиот Дух така има и субординираност на жената кон мажот. Знаеме дека главата донесува одлуки, а телото и е послушно на главата. Во оваа корелација жената не е лишена од размислувања, разговори, предлози и иницијативи во однос на мажот како ни мажот во однос со Христа. Како ни Христос кон Отецот. Како што му беше послушен на Отецот до самата крстна смрт. Така да како жената го има мажот за глава чиј што збор е завршен, така и мажот го има Христа за глава со завршен збор. Како што и Христос го имаше Отецот со завршен збор во Гетсиманиската градина. Зборуваме за преданиско семејство како литургиско-евхаристиско битие кое што пребива во богоопштење со Христа. Така и ќе сфатиме како Христос е глава на мажот и го има последниот збор за се, за исполнување на вољата божја. Апостолот строго забранува жената да управува со мажот т.е. она да се однесува како глава. Зашто ќе се случуваат многубројни примери на прародителскиот грев и промашувања од сличен тип. Ќе се јадат многу јаболка. На жената дури и забранува и да зборува во присуство на мажот. Секако тоа не е случај ако се бара тоа од неа или и е упатено прашање. Уште тој бара од жената таа да пребива во потполно безмолвие т.е. мир. За нашето време ова се малку непоимливи и несварливи работи. Но да не забораваме кого има тој за пример. Како современик на Мајката Божја Пресвета Богородица која според преднието била жена која не се разликувала од традиционалната еврејска жена која вртела куќа и гледала деца и му била послушна на својот маж. А од друга страна не се удирала во гради недигајќи револуции пред Апстолите дека она зачнала од Светиот Дух била хранета со мана, безболно го родила Христа на чудесен начин и останала девствена, била бог по благодат кога тие не ни знаеле за такво нешто и ред други работи. Така жената му се покорува на мажот како Црквата на Христа, а мажот да ја сака и да се распне за жената како послабо суштество исто така како Христос за Црквата. Кажано е и жената да се бои од својот маж. Овде се мисли на природата на женското тело наспроти машката снага и сила. Со ова се превенира, заради паднатата природа, евентуалниот физички конфликт кој е со познат резултат. Ако не се бои жената од мажот тогаш таа се лишува од чувството на мажот кон неа како за послабо суштество при што гасне неговото залагање за неа, а често доаѓа и до физички пресметки. Затоа најдобро е за жената заради својата природа, а и тоа и претставува една своевидна привилегија заради грижата на мажот спрема неа, да има љубовен страв од мажот и да биде свесна за својата слаба природа. Се пропагира и рамноправност меѓу половите. Таа рамноправност неможе да се достигне ни на сон заради посебните природи на мажот и жената пак на кои Бог им дарувал и посебни и различни дарови. Дар на мајчинство од една страна во кој се искористува правилно од бога промислената сентименталност на жената и правилна употреба на машката сила и снага и едноставност во размислувањето и донесувањето на одлуки од друга страна. Така да рамноправност на половите не е возможна на сите полиња. Како можат два различни пола да бидат исти, а со тоа и рамноправно во секој поглед. На пример жената не пости кога е бремена и кога дои. И од жената не се бара да работи потешка физичка работа која што може мажот да ја работи.  Рамноправност има во дарот на обожението коешто е достиглив и за едниот и за другиот практикувајќи и исполнувајќи ги од Бога даруваните природни таланти и способности. Во современиево кога заради работните односи се среќаваат разни варијации на ангажираност на сопружниците устројството во бракот останува ист. Во никој случај жената не станува глава на семејството. Глава на семејството е мажот, а на мажот глава е Христос, додека на Христос Бог Отецот. А како му се покоруваше Христос на Отецот така и жената да му се покорува на мажот, како што и мажот на Христа. А и обајцата меѓу себе, мажот и жената, да се покоруваат еден на друг во страв божји. Се заради заради божествената симфонија и полнота и за изградба на семејството, челадта и Црквата.

Advertisements

One Response to “За устројството на бракот”

  1. Вы производите обмен постовыми?

    здесь видел ет gamebulletin.ru

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: