Archive for the Isihazam Category

За совршеноста на безмолвието во Христа

Posted in Isihazam on Ноември 2, 2007 by areopagit

crucifixion-mosaic-byzantine-11th-ce-giclee-print-c12983119.jpg Секако дека секој од нас христијаните се стреми да го постигне совршенството кое ни е зададено како цел од нашиот Господ со зборовите: „ Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец на небесата“. Во овој блог во повеќе наврати се пишуваше за молитвеното тихување и безмолвие. Молитвена поврзаност на умот и срцето и нивнотото пребивање во Бога, а и не само на умот и срцето, туку и на целото тело и целата човечка насушност како ум, срце, душа, тело, разум, сетила … Тоа подвижниците го постигнуваат во молитвена осаменост и се трудат да го одржат и во присуство на други личности.

Continue reading

За гордоста и за падот

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja, Isihazam on Јули 7, 2007 by areopagit

Читајќи ги Светите Отци кои ги напишале аскетските четива коишто служат за поука и коректив во водењето на духовниот живот главен акцент е ставен на гордоста т.е. на смирението како нејзина спротивност. Ќе наведеме само две такви дела кои се општо познати на читателската јавност. Тоа се „Лествица“ од Св. Јован Синајски-Лествичник и „Невидлива Борба“ од Св. Никодим Агиорит. Читајќи ги овие дела ја осознаваме науката на духовното живеење т.е. на духовниот растеж и пад. Гордоста како основен проблем во духовноста и смирението како нејзин антипод, како решение за сите проблеми и клуч за Царството Небесно.

Continue reading

За тајната на Телото Христово, за тоа како во Христа нема машки и женски пол

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja, Isihazam, Palamizam on Јуни 7, 2007 by areopagit

hristos_pantrokator.jpg Како тоа во Христа нема машки пол и женски? Членовите на Телото Христово т.е. на Црквата Христова на која што е самиот Христос Глава поврзани меѓусебно со изобилието на благодатта на Светиот Дух во дарот на обожението ( едноставно кажано во Христа ) ја имаат онаа истоветна плот Христова наречена Нова Твар како што ја има и самиот Христос после неговото воскресение и вознесение и сместување од десната страна на Отца, заради тоа што заедно со него во крштението се погребавме, воскреснавме и вознесовме на небесата каде што и живееме. А таа плот Христова како што знаеме нема потреба од физиолошки функции самата по себе освен за докажување дека не е бестелесна т.е. не е дух па пред своите зема да јаде леб, риба и мед во саќе. Continue reading

За лажното смирение

Posted in Isihazam, Palamizam on Март 3, 2007 by areopagit

starec-sofronij.jpg Многумина од нас се смируваат пред себеси и пред другите дека не се светители и дека се тоа што се, не можат повеќе да напреднат во духовниот живот… Тоа на оној кој што е доволно упатен во животно-духовно-аскетскиот подвиг не му доликува да го говори и мисли. Така не не учи евангелието па ни современите свети старци од XX век. Тука ќе го спомнеме светиот Старец Софрониј Сахаров кој советува дека ако се смириме т.е. помириме со водењето на световниот живот полн со неговите страсти и слабости ние лажно се смируваме. Всушност тогаш престанува секој подвиг и по линијата на послаб отпор ги прифаќаме и живееме квалитетите на овој свет, за подоцна тие и ако се евентуално и навидум мали страсти и слабости тие да станат како што велат светите отци неизлечива болест и озваничено секуларно живеење т.е. секуларизам. Што всушност советува нашиот современик Старецот Софрониј Сахаров: Continue reading

Согледувања за умносрдечната молитва. Општо за молитвата

Posted in Isihazam, Palamizam on Јули 9, 2006 by areopagit

Starec EfremВо последниве години за прв пат се актуелизираше практицирањето на умносрдечната молитва. Сознанието за добивањето на тој дар и свеста за истиот, а воедно и неговото предавање на други за негово здобивање и негување е радост за секој православен христијанин. Ако некој е подлабоко запознат со пишаните дела на Светите Отци каде е објаснет подвигот на молитвата ќе забележи дека умносрдечната молитва е само еден преоден стадиум на патот кон совршенството во молитвата т.е. во мистичниот опит на богоопштењето. За тоа најдобро пишува од својот повеќедецениски молитвен опит светогорскиот Старец Софрониј Сахаров кој подоцна се стационира во Есекс, Англија, кој вели:” Најпрво доаѓа желбата за молитва која од : Continue reading