Archive for the Opshti Sogleduvanja Category

За Идентитетот, Происходот, Националната Припадност и Националните Чувства. ДНК контрола

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja, Opshti Sogleduvanja, Za Identitetot with tags , on Март 29, 2008 by areopagit

hristos.jpg Наоѓајќи се во еден турбулентен период за нашиот народ и Црква го пишуваме овој пост за да разјасниме повеќе важни поединости. Како прво од каде го црпиме својот идентитет?! За ова се пишуваше во повеќе наврати на овој блог. Идентитетот е јасен како солза за припадниците на Црквата Христова. Тое е Христос Богочовекот преку кого Отецот создаде комплетно ’све’. Затоа идентитетот на секоја тварнa и нетварна природа потекнува од Бога. Идентитетот е Божји сакале да го прифатиме ние тоа или не. После отпаѓањето на Адаама од Бога почна создавањето на народите т.е. диференцијација на човештвото. Поделба на човечкиот род кој претходно беше едно….

Continue reading

За Италијанското Calcio

Posted in Fudbal, Opshti Sogleduvanja on Мај 24, 2007 by areopagit

542649_biglandscape.jpg Краток осврт: 7251_big2.jpg

www.fifa.com www.uefa.com www.acmilan.com

www.ru.christiantoday.com

Во година кога италијанското calcio го потресуваа афери од невидени размери кои резултираа со познати последици за вмешаните клубови и судии, па дури и со обиди за самоубиство на поедини фудбалери кои беа директно инволвирани, Италија како фудбалска велесила фенично ги извојува двете најважни победи кои може да се освојатmarcelo-lipi.jpg како на репрезентативно т.е. национално така и на тимско-клубско ниво. Италијаlife_2733_2.jpg стана светски шампион по 4 пат приложувајќи, со зборовите на нејзиниот национален селектор Марчело Липи : „современ фудбал што ќе се игра во иднината“.

Continue reading

За естетиката на Италијанската фудбалска репрезентација

Posted in Fudbal, Opshti Sogleduvanja on Јули 6, 2006 by areopagit

italia-3.jpgДа живееш во Италија земјата опкружена со 5 мориња, 2 вулкана, Алпскиот планински венец, земјата на старите Етрурци, Римската Империја со своите велелепни антички архитектонски градби, Гај Јулие Цезар, познатото Римско право, вечниот град Рим воедно и најмаченички,marcelo-lipi.jpg облеан со крвта на Светите апостоли Петар и Павле и на Светиот Игнатиј Богоносец по кого е наречена и Виа Игнатиа, Ватикан, ранохристијански базилики, Равена-мозаици, земјата на Микеланџело и Леонардо Де Винчи, ренесансата, каде што секој град е како хрватскиот Дубровник, Венеција, една од најразвиените индустриски и туристички земји, и на крај земја на современиот моден гламур, значи да бидеш човек со традициски изграден italia-2.jpg.естетски критериум за својот надворешен изглед. Тоа се подразбира кога некого ќе го наречат Италијан.

              www.fifa.com

italia-karta.jpg

За парламентарните избори во Р.М.

Posted in Opshti Sogleduvanja on Јули 6, 2006 by areopagit

Се радуваме на восприемената и испрактицирината современа европска демократија. Без навреди и омаловажувања кон другите. Мислиме за своето добро и за доброто на своите поколенија. Малку по малку ја напуштаме свеста на општо познатиот примитивен Homo Balcanicus и се стекнуваме со елементарна етичност. Голема победа на демократијата на која и се радуваат сите учесници во изборниот процес, избавени од лично партиските интереси. Со големи желби овој процес на еволуирање на свеста да продолжи и понатаму и никогаш да не престане.