Archive for the Palamizam Category

Свети Григориј Палама за човекот

Posted in Palamizam on Септември 27, 2007 by areopagit

greg_palamas.jpgВо овој пост ќе биде објавен еден текст од Панајотис Христу во кој се разгледува учењето на Св. Григориј Палама за човечкото битие како светотроично битие. Содржината никого нема да остави рамнодушен, па затоа ве покануваме да го прочитате линкуваниот текст. Повелете.

sv-grigorij-palama-za-chovekot.doc

За тајната на Телото Христово, за тоа како во Христа нема машки и женски пол

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja, Isihazam, Palamizam on Јуни 7, 2007 by areopagit

hristos_pantrokator.jpg Како тоа во Христа нема машки пол и женски? Членовите на Телото Христово т.е. на Црквата Христова на која што е самиот Христос Глава поврзани меѓусебно со изобилието на благодатта на Светиот Дух во дарот на обожението ( едноставно кажано во Христа ) ја имаат онаа истоветна плот Христова наречена Нова Твар како што ја има и самиот Христос после неговото воскресение и вознесение и сместување од десната страна на Отца, заради тоа што заедно со него во крштението се погребавме, воскреснавме и вознесовме на небесата каде што и живееме. А таа плот Христова како што знаеме нема потреба од физиолошки функции самата по себе освен за докажување дека не е бестелесна т.е. не е дух па пред своите зема да јаде леб, риба и мед во саќе. Continue reading

За идентификацијата

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja, Palamizam, Za Identitetot on Април 4, 2007 by areopagit

world.gifСо кого се идентификуваме? Прашањето не е поставено сега, туку во т.е. од вечноста. А вечноста е и почетокот и крајот. Вечноста е есхатологијата, а есхатологијата е Царството Небесно. Со отпаднатите ќе се идентификуваме ли, или пак со восиновените од Бога и во Бога? Кои се тие „отпаднати“ и како да ги препознаеме нив?“. Отпаднатите се синовите Божји кои отпаднаа од Бога преку нивните прародители Адаам и Ева кои први отпаднаа од Него откако го направија фамозниот чин на прекршување на Божјата заповед. Нивните потомци кои не го испрактикуваа Христовиот повик: „Покајте се! Се приближи Царството Небесно“ ги има насекаде и се многубројни. Тие се оние кои се поделија меѓу себе на повеќе народи и не се разбираат помеѓу себе, кои што се намразија помеѓу себе и го заборавија и замразија како Бога така и својот ближен брат кој за жал не е во неговиот „народ“, „семејство“ како поблиско така и подалечно. Тие се оние кои се повикуваат на генетиката, плотта и крвтта. Continue reading

За лажното смирение

Posted in Isihazam, Palamizam on Март 3, 2007 by areopagit

starec-sofronij.jpg Многумина од нас се смируваат пред себеси и пред другите дека не се светители и дека се тоа што се, не можат повеќе да напреднат во духовниот живот… Тоа на оној кој што е доволно упатен во животно-духовно-аскетскиот подвиг не му доликува да го говори и мисли. Така не не учи евангелието па ни современите свети старци од XX век. Тука ќе го спомнеме светиот Старец Софрониј Сахаров кој советува дека ако се смириме т.е. помириме со водењето на световниот живот полн со неговите страсти и слабости ние лажно се смируваме. Всушност тогаш престанува секој подвиг и по линијата на послаб отпор ги прифаќаме и живееме квалитетите на овој свет, за подоцна тие и ако се евентуално и навидум мали страсти и слабости тие да станат како што велат светите отци неизлечива болест и озваничено секуларно живеење т.е. секуларизам. Што всушност советува нашиот современик Старецот Софрониј Сахаров: Continue reading

Паламитскиот поим за Вистината

Posted in Palamizam on Февруари 3, 2007 by areopagit

palama.JPGКој ги проучувал делата на Св. Григориј Палама Архиепископот Солунски Чудотворец ќе забележи еден крајно радикален став кон античките философи. Тоа можеби некого и ќе го зачуди бидејќи истите ги има видено и на фрески на некои православни храмови. Во што се состои дилемата ? Некои ги почитуваат философите од античките времиња како некои кои го предвестеле Христа или како неосвестени христијани или пак биле потикнати од Светиот Дух да мудруваат за Бога. Такви мислења има и за некои мислители и мудреци од далечниот исток. Дека зборувале за Христа, а незнаејќи за Кого се работи. Дека и они зборувале за Светлината која ја претставувале за Божествена. Но паламитскиот став т.е. на Светогорскиот Светител Григориј Палама кон тие прашања е крајно радикален: „ Светлината за која говореле како античките така и било кои други философи или мудреци е од демонско потекло “. Continue reading

За преименувањето според Св. Григориј Палама

Posted in Palamizam on Јануари 26, 2007 by areopagit

greg_palamas.jpgСо воцрковувањето во рамките на Црквата Христова секој човек претрпува ’преименување’ на целосниот негов идентитет. Всушност го добива оној вистинскиот. Како прво се враќа кон својот вистински родител Бог преку повторното восиновување преку Христа добивајќи ’духовни очи’ за да го следи Светиот Дух во животот. Неговите по плот родители остануваат само биолошки происход за административни цели, знаејќи го тоа дека и они происходат од Бога преку отпаднатиот од Бога прародител Адаам, имајќи ги сега како брат и сестра ако не во Христа , тогаш во адаама. Се разбира љубовта и почитта кон нив останува. Го добива името Христијанин т.е. се преименува во Христијанин и станува член на Новозаветниот Народ Божји Христијански, и веќе не припаѓа на од Бога отпаднатиот световен народ, во конкретниот случај македонскиот или било кој друг световен народ, затоа што ’Црквата не е од светот’ но е во светот. Continue reading

Христос Новата Твар од Новата Твар. За Обожението. За победата над етнофилетизмот

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja, Palamizam on Август 25, 2006 by areopagit

HristosСекој Православен Христијанин кој е запознат со Светото Писмо знае дека нашиот Бог и Господ, Исус Христос претставува т.е. е наречен „Нова Твар“. И тоа уште од старозаветните Пророци па се до канонизираните Светители. Но што всушност претставува таа „Нова Твар“ ретко кој прoникнал во тоа. Во овој текст ќе стане збор токму за суштината на таа „Нова Твар“. Всушност се работи за Телото т.е. за Плотта на нашиот Господ. Каква е Неговата Плот се осознава само преку сопствен опит и само опитните се осмелуваат да зборуваат за тоа. А опитот се состои во живеењето на полнотата на Божеството која може да се живее само во евхаристиско-аскетскиот подвиг на Православната Црква, свесно созерцание и осознавање на нестворените божествени енергии кои го преобразуваат,трансформираат и обожуваат нашето тело правејќи го слично и подобно на Господовото, зошто ние кои го примивме восиновувањето и одиме по духот сме еднородни на нашиот Собрат, Богочовекот Исус Христос; Тело кое што по квалитет е наречено “Нова Твар” поразлична од тварта т.е. материјата од која што е создадено телото на телесниот, необоженоит, невосиновениот од Отецот, човек. Continue reading