Archive for the Za Identitetot Category

За Идентитетот, Происходот, Националната Припадност и Националните Чувства. ДНК контрола

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja, Opshti Sogleduvanja, Za Identitetot with tags , on Март 29, 2008 by areopagit

hristos.jpg Наоѓајќи се во еден турбулентен период за нашиот народ и Црква го пишуваме овој пост за да разјасниме повеќе важни поединости. Како прво од каде го црпиме својот идентитет?! За ова се пишуваше во повеќе наврати на овој блог. Идентитетот е јасен како солза за припадниците на Црквата Христова. Тое е Христос Богочовекот преку кого Отецот создаде комплетно ’све’. Затоа идентитетот на секоја тварнa и нетварна природа потекнува од Бога. Идентитетот е Божји сакале да го прифатиме ние тоа или не. После отпаѓањето на Адаама од Бога почна создавањето на народите т.е. диференцијација на човештвото. Поделба на човечкиот род кој претходно беше едно….

Continue reading

Advertisements

За Есхатолошкиот идентитет и происход. За идентификацијата II

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja, Za Identitetot on Април 22, 2007 by areopagit

world.gifСо кога се идентификуваме? Кажавме во претходниот пост. Сега ќе објасниме и со кој временски период се идентификуваат поедини групации на луѓе. Како на локално, така и на глобално ниво. Локално за еден постоечки народ на светот, а глобално за целото човештво. Дали од XX век како Македонци. Дали од XIX век како Бугари. Дали од средниот век за време на царството на Цар Душан со престолнина во Скопје како Срби. Дали за времето на Византискиот комонвелт како Византици или пак како Ромеи. Дали од времето на Александар Македонски – Велики како Антички Македонци. Или пак најверојатно после 50 или 100 години како Европјани бивајќи жители на Европската Унија т.е. комонвелт како што било во Византија или пак сега во С.А.Д. : Американци. Continue reading

За идентификацијата

Posted in Bogoslovski Sogleduvanja, Palamizam, Za Identitetot on Април 4, 2007 by areopagit

world.gifСо кого се идентификуваме? Прашањето не е поставено сега, туку во т.е. од вечноста. А вечноста е и почетокот и крајот. Вечноста е есхатологијата, а есхатологијата е Царството Небесно. Со отпаднатите ќе се идентификуваме ли, или пак со восиновените од Бога и во Бога? Кои се тие „отпаднати“ и како да ги препознаеме нив?“. Отпаднатите се синовите Божји кои отпаднаа од Бога преку нивните прародители Адаам и Ева кои први отпаднаа од Него откако го направија фамозниот чин на прекршување на Божјата заповед. Нивните потомци кои не го испрактикуваа Христовиот повик: „Покајте се! Се приближи Царството Небесно“ ги има насекаде и се многубројни. Тие се оние кои се поделија меѓу себе на повеќе народи и не се разбираат помеѓу себе, кои што се намразија помеѓу себе и го заборавија и замразија како Бога така и својот ближен брат кој за жал не е во неговиот „народ“, „семејство“ како поблиско така и подалечно. Тие се оние кои се повикуваат на генетиката, плотта и крвтта. Continue reading