- Agnus Dei, qui tollis peccata mundi, miserere nobis.
- Agnus Dei, qui tollis peccata mundi, miserere nobis.
- Agnus Dei, qui tollis peccata mundi, dona nobis pacem.
Agnus Dei
Posted in Uncategorized on Септември 15, 2008 by areopagitЗа устројството на бракот
Posted in Bogoslovski Sogleduvanja on Август 29, 2008 by areopagitСите знаеме колку бракот во денешнината е во криза. За тоа сведочи статистиката. Сите се помирени со тоа и се бара излез во разводот. Последиците од тоа ги чувствуваат не само децата и родителите, туку и самото општество. Според општествените науки семејството е основна клетка на општеството. Заради тоа е толку скапоцен бракот и семејството. Излез од оваа ситуација може само да се побара во богооткровенските зборови запишани во Светото Христово и апостолско предание. Затоа тука ке се осврнеме на нив…. Continue reading
‘Blue Hotel’ by Chris Isaak
Posted in Muzika on Јуни 5, 2008 by areopagitФеноменален глас, а и фаца. За сите што не го знаат, а и за оние што го подзаборавиле.
Chris Isaak….
“Blue Hotel”
Blue Hotel, on a lonely highway,
Blue Hotel, life don’t work out my way.
Blue Hotel, on a lonely highway,
Blue Hotel, life don’t work out my way.
I wait alone each lonely night.
Blue Hotel…
Blue Hotel…
Blue Hotel, every room is lonely,
Blue Hotel, I was waiting only.
The night is like her lonely dream.
Blue Hotel…
Blue Hotel…
Blue Hotel, on a lonely highway,
Blue Hotel, life don’t work out my way.
I wait alone each lonely night.
Blue Hotel…
Blue Hotel…
Од истиот автор е и нумерата ” Baby Did a Bad Bad Thing ” која на Кјубриковиот ” Eyes Wide Shut “ беше ставена како саундтрак. Неа како и сите спотови на Chris Isaak може да ги најдете на Youtube.
Пасха.
Posted in Uncategorized on Април 28, 2008 by areopagitЧествување на Светиот Селестин I Папа Римски
Posted in Svetiteli on Април 7, 2008 by areopagitДенес, 08 Април, го чествуваме споменот на Светиот Селестин I Папа Римски (422-432) современик на Светиот Амвросиј Милански и Блажениот Аурелиј Августин, поточно негов многу близок и срдечен пријател. Современик е и на Светиот Патрик Ирски, а на исток во негово време живеел и Светиот Кирил Александриски, кој пак му бил сотрудник во борбата против ереста на Несториј, заедно со првиот сочувувајќи го достоинството на Пресветата Дева Марија во нејзиното нарекување Богородица. Самото име Селестин во себе ги содржи значењата: Небесен, Божествен, Чудесен. Ова е наш мал придонес за споменот на овој за многумина непознат, а за Црквата од неприкосновено значење светител. Затоа и го линкуваме на овој блог неговото житие.
Недела на Св. Јован Лествичник Синајски
Posted in Svetiteli with tags Add new tag, Светители on Април 6, 2008 by areopagitЗа Идентитетот, Происходот, Националната Припадност и Националните Чувства. ДНК контрола
Posted in Bogoslovski Sogleduvanja, Opshti Sogleduvanja, Za Identitetot with tags Add new tag, Za Identitetot on Март 29, 2008 by areopagitНаоѓајќи се во еден турбулентен период за нашиот народ и Црква го пишуваме овој пост за да разјасниме повеќе важни поединости. Како прво од каде го црпиме својот идентитет?! За ова се пишуваше во повеќе наврати на овој блог. Идентитетот е јасен како солза за припадниците на Црквата Христова. Тое е Христос Богочовекот преку кого Отецот создаде комплетно ’све’. Затоа идентитетот на секоја тварнa и нетварна природа потекнува од Бога. Идентитетот е Божји сакале да го прифатиме ние тоа или не. После отпаѓањето на Адаама од Бога почна создавањето на народите т.е. диференцијација на човештвото. Поделба на човечкиот род кој претходно беше едно….
Интервју со Архиепископот Јован VI спроведено од г. Миленко Неделковски
Posted in Arhiepiskop Jovan VI on Ноември 9, 2007 by areopagitНа нашиов блог го линкуваме интервјуто на Архиепископот Јован VI на националната телевизија Канал 5 водено од страна на господинот Миленко Неделковски во неговата емисија “Late Night Show” на 12. 10. 2007. Интервјуто може да се погледне на званичниот сајт на водителот каде покрај ова интервју има и други со значајни личности од земјава. Да не должиме, повелете кликнете.
За совршеноста на безмолвието во Христа
Posted in Isihazam on Ноември 2, 2007 by areopagitСекако дека секој од нас христијаните се стреми да го постигне совршенството кое ни е зададено како цел од нашиот Господ со зборовите: „ Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец на небесата“. Во овој блог во повеќе наврати се пишуваше за молитвеното тихување и безмолвие. Молитвена поврзаност на умот и срцето и нивнотото пребивање во Бога, а и не само на умот и срцето, туку и на целото тело и целата човечка насушност како ум, срце, душа, тело, разум, сетила … Тоа подвижниците го постигнуваат во молитвена осаменост и се трудат да го одржат и во присуство на други личности.
Свети Григориј Палама за човекот
Posted in Palamizam on Септември 27, 2007 by areopagitКратка историја на Охридската Архиепископија
Posted in Arhiepiskop Jovan VI on Септември 15, 2007 by areopagitВо овој пост ке биде објавенo проучувањето на неговото блаженство Архиепископот охридски и Митрополитот скопски г.г. Јован VI за историјата на Охридската Архиепископија. Битно е да се запази дека во ова проучување е застапен правилниот еклисиолошки аспект за правилно согледување на историските настани за континуитетот на Едната Света Соборна и Апостолска Црква на тлото на географска Македонија. Повелете и прочитајте ги правилните еклисиолошки ставови на неговото блаженство Архиепископот Јован VI.
За обновувањето на Литургискиот живот
Posted in Sovremeni Bogoslovi on Јули 15, 2007 by areopagitВо овој пост ќе биде во целост објавен еден од многубројните трудови на многуплодниот од Бога по промисла умировен епископ на Црквата Христова, епископот Атанасиј Јевтиќ. Во овој објавен труд многуценетиот богослов како и во повеќе претходни наврати зборува за литургискиот живот на Црквата. Нема да должиме многу со наши произнесувања туку му го отстапување просторот на еминентниот епископ Атанасиј, штедејќи ви го и вашето драгоцено време. Повелете.
За гордоста и за падот
Posted in Bogoslovski Sogleduvanja, Isihazam on Јули 7, 2007 by areopagitЧитајќи ги Светите Отци кои ги напишале аскетските четива коишто служат за поука и коректив во водењето на духовниот живот главен акцент е ставен на гордоста т.е. на смирението како нејзина спротивност. Ќе наведеме само две такви дела кои се општо познати на читателската јавност. Тоа се „Лествица“ од Св. Јован Синајски-Лествичник и „Невидлива Борба“ од Св. Никодим Агиорит. Читајќи ги овие дела ја осознаваме науката на духовното живеење т.е. на духовниот растеж и пад. Гордоста како основен проблем во духовноста и смирението како нејзин антипод, како решение за сите проблеми и клуч за Царството Небесно.
За тајната на Телото Христово, за тоа како во Христа нема машки и женски пол
Posted in Bogoslovski Sogleduvanja, Isihazam, Palamizam on Јуни 7, 2007 by areopagitКако тоа во Христа нема машки пол и женски? Членовите на Телото Христово т.е. на Црквата Христова на која што е самиот Христос Глава поврзани меѓусебно со изобилието на благодатта на Светиот Дух во дарот на обожението ( едноставно кажано во Христа ) ја имаат онаа истоветна плот Христова наречена Нова Твар како што ја има и самиот Христос после неговото воскресение и вознесение и сместување од десната страна на Отца, заради тоа што заедно со него во крштението се погребавме, воскреснавме и вознесовме на небесата каде што и живееме. А таа плот Христова како што знаеме нема потреба од физиолошки функции самата по себе освен за докажување дека не е бестелесна т.е. не е дух па пред своите зема да јаде леб, риба и мед во саќе. Continue reading
За Италијанското Calcio
Posted in Fudbal, Opshti Sogleduvanja on Мај 24, 2007 by areopagitwww.fifa.com www.uefa.com www.acmilan.com
Во година кога италијанското calcio го потресуваа афери од невидени размери кои резултираа со познати последици за вмешаните клубови и судии, па дури и со обиди за самоубиство на поедини фудбалери кои беа директно инволвирани, Италија како фудбалска велесила фенично ги извојува двете најважни победи кои може да се освојат како на репрезентативно т.е. национално така и на тимско-клубско ниво. Италија стана светски шампион по 4 пат приложувајќи, со зборовите на нејзиниот национален селектор Марчело Липи : „современ фудбал што ќе се игра во иднината“.
Соборите на Црквата
Posted in Bogoslovie on Мај 14, 2007 by areopagit„За единство на Црквата“
Posted in Arhiepiskop Jovan VI, Sovremeni Bogoslovi on Мај 10, 2007 by areopagitНа почетокот на возобновувањето на Православната Црква на тлото на денешна Р.Македонија во лицето на Православната Охридска Архиепископија, беше објавена и презентирана на јавноста преку медиумите книгата „За единство на Црквата“. Поголемиот дел од таа книга го сочинува студијата на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополитот скопски г.г. Јован VI за расколот во Р.Македонија и за неговото надминување. За поголемо запознавање на читателството во Р.Македонија со оваа проблематика во овој пост таа студија се публикува и од наша страна на овој блог. Најповеќе заради нискиот степен на едуцираност од богословски карактер на граѓаните во оваа земја. Бидете внимателни при исчитувањето на оваа студија и потрудете се прочитаното да ви остане во меморијата.
За Божествената Литургија
Posted in Sovremeni Bogoslovi on Мај 10, 2007 by areopagitНа овој блог во повеќе наврати се пишуваше за божествената литургија, евхаристија и преданието. Во тој контекст објавуваме еден краток текст од Епископот Атанасиј Јевтиќ, кој изобилно ја богати ризницата на современата богословска мисла на Правослацната Црква. Овој современ богослов на Црквата Христова не смее да помине незапазено. Повелете кликнете на линкот.